Министерот за здравство Фатмир Меџити најавува дека утре на владина седница ќе го покрене прашањето за лицата вработени со договор на дело во здрaвството.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ, министерот рече дека веќе шест-седум месеци за тоа разговара со министерот за финансии.

– Оттука ќе упатам критики до Министерството за финансии. Веќе шест-седум месеци договарам заедно со министерот за финансии. Премиерот не назначи мене, министерот за финансии и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Направивме групи и работевме на тоа. Макотрпно работев на тоа и не знам зошто не се случува ова. И утре како член на Влада и министер за здравство, ќе го покренам многу динамично и бескомпромисно ова прашање, за да се види што ќе се случи со тие лица кои се со договор на дело, рече Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече дека ќе има лекови за онколошките пациенти.