Израелски воени авиони бомбардираа делови од Појасот Газа, вклучително и неколку места на југ, каде што израелската армија им нареди на Палестинците да се евакуираат. Жителите на Газа известија за воздушни напади и гранатирање во северните и јужните делови на земјата, вклучително и во градот Рафах, кој се наоѓа во близина на границата со Египет и каде Израел им нареди на цивилите да се засолнат.
„По она што го видовме во Појасот Газа, ние сме целосно свесни дека сите права се прекршени, убивајќи ги нашите деца, убивајќи ги нашите синови и нашите жени, иселувајќи ги од нивните домови насилно. Палестинскиот народ нема да замине и не сака да си замине“, изјави Ебу Јасер, жител.
„Мојата порака до светот е, мора да го запрете овој геноцид, мора да престанете со убивањето на невините. Тие користат страшно оружје против нас“, нагласи Хусам ал Шареф, жител.
Границите на Газа со Израел и Египет се затворени, што значи дека Палестинците немаат друг избор освен да бараат засолниште на сопствена територија. Израел го прогласи тесниот дел од крајбрежјето на југ, Муваси, за безбедна зона. Но, Палестинците кои отишле таму известуваат за тешки услови и пренатрупаност.
„Се ми недостига, живеев како човек во Газа, ништо не ми недостасуваше, бев во мојот дом, се чувствував безбедно. Не сум сигурен тука. Се чувствуваме исплашени, моите деца постојано плачат. Нема гас, нема вода, водата што ја пиеме е загадена“, рече Имад ал Талатени, раселено лице.
„Ништо добро не видовме овде. Живееме во голем студ. Тука нема бања. Спиеме во песок. Многу е ладноЌ, рече Соад Кармот, раселена.
Вкупниот број на загинати од израелските бомбардирања во Газа достигна 17.400 – 70% жени и деца – додека повеќе од 46.000 се повредени, според Министерството за здравство на палестинската територија, многу луѓе се заробени под урнатините. Израел смета дека Хамас е одговорна за убиствата на цивили, обвинувајќи ги нивните припадници дека користат цивили како жив штит. /Алсат.мк