ДУИ попладнево одржа партиски состанок во Мала Речица на кој е одлучено Талат Џафери да биде технички премиер во последните 100 дена од оваа влада. Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Џафери според законските прописи, на функцијата треба да стапи на 28ми јануари.
Ова е договор помеѓу СДСМ и ДУИ за владина коалиција, премиер на државата во последните 100 дена од оваа Влада, односно т.н техничка Влада да биде од редовите на ДУИ.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
-Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори, објави Османи на Фејсбук.