Српските медиуми ,,сензационалистички ” соопштуваат дека денеска во Западните покраини е уапсен Љубен Григорив, на 61 година, кој ,, извршувал шпионски активности во корист на Бугарија “, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Во испратеното до сите медиуми кратко соопштение на Обвинителството во градот Врање се вели дека ,, против лицето е покренато обвинение за основано сомневање за вршење на шпионски активности”.

Според Обвинителството Љ.Г. давал на членови на организација на Бугарија воени тајни кои можат да наштетат на безбедноста, одбраната и воените интереси на Србија. Григоров е уапсен од специјална полициска единица во својата куќа а истата била предмет на претрес по продолжително следење од страна на специјалните служби на Србија и Обвинителството во Врање .
Уапсениот е предаден на истражните органи за испрашување а неговиот компјутер е одземен.
Рано ова утро во Босилеград биле испратени многу полициски единици со полна бојна опрема кои демонстративно вршеле патроли низ центарот на градот.

Уапсениот е пензионер офицер од резервата на поранешната југословенска армија и никогаш не бил политички активен. Работел во општинскиот Културен центар, се занимавал со трговија и имал мала продавница.
По случајот имаат работено Агенцијата за безбедност и информации БИА и српското воено контра разузнавање.

Фото: БГНЕС