Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во текот на денешната прес-конференција изјави дека фризерот од Велес, Панче Жежовски бил убиен за долг од 500 евра. Тие 500 евра му ги должел на Љупчо Палевски Палчо.

– Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осмничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето, изјави обвинителот Гаврил Бубевски на прес конференцијата со министерот Оливер Спасовски.

Телото на Панче Жежовски било пронајдено во околина на Велес, а неговиот автомобил бил пронајден запален во атар на селото Бразда.