ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да нема техничка влада, само ДУИ со стотици скандали зад себе да нема технички премиер, велат од опозициската партија.

Во нивното соопштение се вели:

Од изградбата на коридорите, до самитот на ОБСЕ, не постои работа за која се фатија кадри на ДУИ, а да не ја компромитирале.

Кога ќе се спомне криминал и корупција и малите деца мислат на ДУИ.

Партија која нема некомпромитиран функционер не може да биде партијата која ќе даде премиер, па дури тоа било и за 100 дена.

ДУИ 7 години се најлош репрезент на Албанците, тие се репрезент само и само на своите лични интереси, а стотици Албанци, исто како и Македонци на неделна основа ја напуштаат Македонија.

Државата не треба да биде водена од структура која длабоко во своите корени е криминализирана. Потребен е нов пристап и борба против криминалот и корупцијата.