Претседателот Стево Пендаровски испрати честитка до нашите соглаѓани Албанци по повод 22 ноември Денот на Албанската азбука.
-Унифицирањето на албанската азбука пред 115 години, токму во нашата Битола, како клучен чекор за кодификацијата на албанскиот јазик, е несомнено еден од најзначајните стожери на културниот и духовниот идентитет на Албанците.
Плодовите од овој круцијален политички и културен чин ги уживаат сите Албанци каде и да се.
Горди сме што денес албанската заедница е нераскинлив дел од мултикултурна и мултиетничка Република Северна Македонија.
Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука, пишува Пендаровски.