Инцидент во Собранието, седницата беше приказната откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа се втурнаа кон него мавајќи го со хартиите од амандманите кои што Левица ги поднела за измени на деловникот.

Крмов потоа почнува да го крши компјутерскиот монитор и бара прекин на седницата. Ги фрла сите предмети од масата на претседателот на Парламентот на земјата. Крмов го уништува и спикерскиот телефон.

Причина за овој инцидент е незадоволството на двајцата пратеници од Левица, бидејќи поднеле над 2400 амандмани за новиот Деловник на Собранието, а им биле прифатени 12.