Прва грчка блокада на албанскиот евроинтегративен пат. Грција не се согласи на заедничко писмо со 27-те земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија, објави Катимерини, а пренесува Телма.
Ваквиот потег го испровоцира затворањето на градоначалникот на Химара, кој е етнички грк. Атина обвини за кршење на неговите права. Катимерини пишува дека ваквиот развој на настаните го разделуваат заедничкиот европски пат на Албанија и Македонија, и потсетува дека пред само неколку дена е објавен извештајот на европската комисија за нивниот напредок.