Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настан во Градскиот парк во организација на Здружението Езра и во соработка со најголемата европска алијанса на здруженија на пациенти.дојка. Жените со промени се упатуваат во посебен кабинет за дојка, каде радиологот ги издава потребните дополнителни упати за биопсија и други испитувања, рече министерот за здравство.
Со ова, според Меџити, значително се олеснува пристапот на жената до потребната здравствена услуга.
Тој апелираше за важноста на превентивните прегледи и грижата за сопственото здравје, имајќи предвид дека раното откривање, може да спаси живот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.