Лидерите на Европската унија денеска ќе го продолжат самитот на кој ќе разговараат за ситуацијата во Украина.

Првиот ден, лидерите усвоија декларација во која повикаа на „паузи“ во воените операции на Израел и Хамас и побараа отворање на хуманитарни коридори, за да може итно потребната помош да биде доставена до Појасот Газа.

Тие повикаа на „континуиран, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап“ за да се помогне до оние на кои им е потребна „преку сите неопходни мерки, вклучително и хуманитарни коридори и хуманитарни паузи“.

Прикажи повеќе