Северна Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар, вели во разговор за ДВ директорката на германската стопанска комора, Антје Ванделт.
Темата за недостиг на стручен кадар е глобален проблем со кој не се соочува само Северна Македонија, но може да заклучиме дека од страна на германските инвеститори кои учествуваат на анкетата за оценка на деловната клима во земјата која ја спроведува нашата канцеларија, квалификациите и мотивација на стручните кадри се оценети со добри оценки.
Во изминатите месеци мојот впечаток е дека темата корупција повторно поинтензивно се тематизира, се надевам дека ќе се преземаат мерки, што поскоро да се стабилизира ова прашање. Сметам дека Северна Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар, додека темата редефинирање на синџирите на снабдување во Европа е во фокусот на Германија.
Целото интервју на Дојче Веле