„Тоа обвинителство кое ќе гони висока корупција од денес, од вчера, од утре ќе биде и за нас ако било кој од нас ја пушти раката во државните пари. Без правна држава ние нема да ја видиме Европа ни на карта“.
Ова претседателот на државата Стево Пендаровски го зборуваше во неговата изборна кампања пред 4 и пол години. Деновиве тој во интервјуто за ТВ21 говорејќи за измените на Кривичниот законик, кој иако ги оцени како лоши, сепак го потпиша указот. Тој се обиде да ја сврти темата и вели дека во правниот систем има забошотување на правдата, пренесува ТВ21.мк























