Претседателот на државата Стево Пендаровски, во гостувањето во Клик Плус на ТВ21 изјави дека не очекува да се случат уставните измени во блиска иднина. Како што вели тој, за разлика од некои од власта, тој е добро информиран реалист и не очекува осум пратеници да паднат од небо и да гласаат за уставните измени.