-Минатата ноќ трагедија не шокираше сите. Болница во Газа која згрижува стотици ранети луѓе беше претворена во пекол. Сцените од болницата ’Ал-Ахли’ се ужасни и вознемирувачки. Нема оправдување за напад на болница полна со цивили“, порача Фон дер Лајен, во нејзиното обраќање во Европскиот парламент во Стразбур.

Таа порача дека сите факти за нападот мора да бидат утврдени и тие што се виновни мора да одговараат.