Се надеваме дека Република Северна Македонија ќе продолжи со спроведувањето на договорите и обврските од францускиот предлог. Ова за БГНЕС го изјави француската државна секретарка за европски прашања Лоренс Бун, која се наоѓа во посета на Софија, пренесува Трибуна.

Пристапувањето на сите земји кандидати е многу важно за нашата геополитичка безбедност, но сепак „тие мора да направат реформи. Затоа отидовме во Скопје со нашите германски и полски колеги – да ги поддржиме реформите, кои понекогаш се тешки“, рече таа.

„За мене е многу важно да ги посетам РСМ и Бугарија и благодарна сум што Марија Габриел ја спомена улогата на Франција во постигнувањето договорот во јуни 2022 година за време на француското претседателство со ЕУ“, рече Бун.