Вечерва со почеток од 20 часот, во Албанскиот театар во Скопје, ќе биде поставена театарската претстава ,,Орфеј”, во изведба на актерите од Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија. Режисер и автор на драмското дело е светски познатиот словенски режисер Јернеј Лоренци, носител на европската театарска награда Премио за 2017 година. Композитор на претставата е Бранко Рожман.

Културниот настан се одржува во рамките на театарскиот фестивал ,,Скупи”. Скопската публика ќе ја има можноста да ги види големите имиња на бугарските театар и кино Александра Василева, Билјана Петринска, Владимир Пенев, Дарин Ангелов, Дејан Донков и останатите ѕвезди од маестралната трупа на најголемиот и најпознат театар во Бугарија.

Партнер на меѓународниот театарски фестивал Скупи е бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.