Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, велејќи дека властите ќе ја прекинат електричната енергија и ќе го блокираат влезот на храна и гориво.
„Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено“, рече министерот Јоав Галант.
За потсетување, Израел го контролира воздушниот простор над Газа и нејзиниот брег и ограничува кој и каква стока смее да влегува и излегува преку неговите гранични премини.
Слично, Египет контролира кој влегува и излегува од границата со Газа.