Г-дин Мухамед Хаџипази , г-дин Александар Иљов и г-дин Беркан Имери се новите тројца членови на Управниот одбор на Халкбанк.

Насочени кон долгорочната визија за успешен раст и развој, Хакбанк АД Скопје донесе одлука за промена во својот менаџерски тим, со која ќе се овозможи континуитет на досегашното успешно работење на банката.  Имено, од моментот на доаѓањето на македонскиот пазар,  преку посветеноста, стабилниот раст, пазарната ориентираност и поддршката од матичната банка, Халкбанк успеа да стане дел од големата банкарска петорка и една од системски значајните банки во државата. А денес, Банката располага со актива од речиси 1,4 милијарди евра.

Согласно донесената одлука од Надзорниот Одбор на Банката, досегашните членови на управниот одбор, г-дин Турхан Адеми, г-ѓа Букет Геречџи и г-дин Томче Тасевски, ќе бидат наследени од нивните помлади колеги кои преку стекнатите искуства и ескпертиза, својата енергија ќе ја насочат во лидерските позиции на банката.

Со предложените нови членови на Управниот Одбор од редовите на вработените – г-дин Мухамед Хаџипази , г-дин Александар Иљов и г-дин Беркан Имери , се создава можност за кадровско поместување во раководните структури, за кариерно напредување и за развој на персоналот во компанијата –пракса за која Халкбанк постојано се залага.

Новите членови на УО се очекува да продолжат со успешната работа како и нивните претходници, што ќе овозможи натамошен раст и остварување на заедничката визија. За таа цел, Банката ја започнува редовната постапка за нивно лиценцирање од страна на Народната банка, согласно Законот за банките.

Халкбанк АД Скопје искажува огромна благодарност до г-дин Турхан Адеми, г-ѓа Букет Геречџи и г-дин Томче Тасевски  за дадениот, исклучителен придонес во креирање на успехот на Банката.