Претседателот на Европската демократска партија, Ајанит Хоџа синоќа во Клик Плус на ТВ 21, зборувајќи за ВМРО-ДПМНЕ, рече дека лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски бара послушен партнер во албанскиот политички блок.

„Само покренав дилема дека, макар и хипотетички, дури и да се случи како што велат Мицкоски и ВМРО, дека ако некој опозициски блок добие значителен број мандати заедно да направат 61 пратеници, дали Мицкоски е подготвен да ја даде истата моќ што ја има ДУИ сега во Влада?! А одговорот, зачудувачки, е она што до ден денес се одразува дека ВМРО бара послушен партнер и партнер кој нема да бара многу.“, рече Хоџа.

Хоџа го обвини и албанскиот опозициски фронт (ААА-ДБ-ДД) дека целата војна што ја водат во опозицијата ја прават за власт и, според него, не гледа алтернатива на оваа сила на албанските партии во опозицијата.

„Ако ги видите политичките актери кои се таму, тоа се актери кои не се на една политичка линија. И сега врз основа на што се обединија? Која е целта!? Да дојдат на власт само како барање за помал брат на ВМРО или како барање на албанскиот гласач за да го заштити тоа што сега го зборував.“, вели Хоџа.

Во врска со Груевски, не треба да се прави пазар, вели Хоџа. Според него, Груевски не може да придонесе за уставни измени. Хоџа меѓу Груевски и Мицкоски гледа едно трето проевропско ВМРО.

„Гледам нешто сосема друго. Во конфликтот Мицкоски-Груевски гледам трето проевропско ВМРО кое можеби нема да биде задоволна од овие две страни пред истекот на мандатот, група пратеници може да каже дека не можеме да ја држиме државата во заложништво.“, рече Хоџа.

Хоџа во ова интервју рече дека неговата партија е опозициска партија, но не е и нема да биде дел од обединетиот опозициски блок.