Жестока реакција на заменик координаторката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска на пратеничките прашања. Го обвини вицепремиерот за европски прашања дека и праќал бакнежи и и намигнувал додека зборуваше, иако за тоа собраниските камери не пренесоа.

Вие да молчите, евро, вицепремиер за европски прашања да молчите, затоа што сте најјак од седиште. На микрофон да излезете и да го зборувате тоа што го зборувате позади микрофон. Како не ви е срам, како не ви е срам нека ве снимат камери, вицепремиер за европски прашања. Ужас, ужас сте. Затоа….нека ве сликаат како праќате бакнежи, лигав еден…, порача Дафина Стојановска.

Маричиќ, преку социјалните мрежи демантира:

-Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.
Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.
Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.
Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор.