Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска се сретна со шефот на Мониторинг одделот при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Ебен Фридман.

Како што информираа од Општината, на средбата посебно доминирале темите од областа на безбедноста во градот, новите предизвици со коишто се соочува општината во секојдневно работење, начинот на кој што се решаваат проблемите и правецот во кој се води општината.

Во соопштението се наведува дека Општина Струмица и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат одлична соработка и долги пријателски односи, којашто меѓу другото го препозна успешното функционирање на Локалниот совет за превенција и го препорача како модел за останатите општини во државата. Токму, овој Совет ја вброи Струмица меѓу 210-те градови и општини ширум светот кои се членови на Мрежата на силни градови.