Американската амбасада во Москва го отфрли „неиспровоцираното протерување“ на двајца дипломати од Русија, велејќи дека Соединетите Држави ќе дадат „соодветен одговор“.
Портпаролот на американската амбасада на 14 септември изјави дека Русија „избрала конфликт и ескалација наместо конструктивен дипломатски ангажман“.
Руското Министерство за надворешни работи на 14 септември соопшти дека првиот секретар Џефри Силин и вториот секретар на амбасадата Дејвид Бернштајн мора да ја напуштат земјата во рок од седум дена.