Еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на Македонија започнува денеска.

Минирањето ќе биде изведенo во селото Горна Бањица, со која ќе почнат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар до Букојчани над 30 километри во Коридорот 8. Коридорот 8 е од стратешко значење за Северна Македонија, кој имаме намера да го подигнеме на ниво на најмодерна, најбезбедна и најквалитетна патна врска, рече заменик министерот Реџепи.

„Денеска бевме во Горна Бањица сведоци на првата експлозија кон реализација на овој џиновски проект, преку 30 километри автопат од Гостивар до Бујкочани, овој проект е од историско значење за иднината и европската перспектива на државата додаде заменик министерот Реџепи. Ние како Влада продолжуваме посветено да работиме за сите наши граѓани, грижејќи се да им го отвориме патот на новите генерации за подобра иднина во нивната земја“, заклучи Реџепи.