После познатите подваријанти Кракен и Ерис, кои се сѐ уште присутни, Омикрон доби уште една подваријанта Пирола, која што значајно се разликува од своите претходници и поради тоа Светска здравствена организација (СЗО) оваа подваријанта ја означи како „варијанта под надзор” а тоа значи дека во сите земји треба да се следи.

Во Србија во последните седум дена се потврдени 686 случаи на Ковид-19 од 4 705 тестирани лица, но не се знае од која подваријанта се разболеле лицата, иако постои голема веројатност дека тие се претходници на Пирола. Исто така, пред само неколку дена, подсојот заедно со типот Форникс беа регистрирани и во Црна Гора.

Иако при испитувањата не се прави секвенционирање, според брзината на ширење на Пирола, откако првпат беше откриена во Данска на 24 јули, несомнено овој сој преовладува и забрзано циркулира низ земјите во регионот.

По овие регистрирани случаи, српските лекарите велат дека „короната повторно се разгоре“ и расте бројот на хоспитализација на повозрасните лица кои имаат и други болести.

А дали и кај нас се уште се следи состојбата и дали некој на терен испитува за корона, посебно во здравствените центри. Независно од симптомите на последните подваријанти, симптомите и клиничката слика што ја развива, сепак опасноста по возрасните лица, лица со хронични и ретки заболувања како и со коморбидитети е висока и треба потрезвено да се внимава.

Секвенционирање дали Пирола и која подваријанта ја има во Македонија Институтот за јавно здравје се прави периодично и тогаш ќе се знае. Во меѓувреме лекарите од регионот алармираат дека сегашните тестови не ја детектираат варијантата „пирола“.

Д-р Никола Пановски во разговор за 4NEWS.mk, вели дека тоа се варијанти се уште од омикрон мутацијата и ги има повеќе.

„До сега нема податоци дека се повирулентни или поопасни, меѓутоа побрзо се шират. Факт е дека ги напаѓаат постарите луѓе, односно ги напаѓаат сите, но постарите завршуваат во болница. Што се однесува до регионот, интересно е дека Грција, Србија и нас не нема во волтметар, меѓутоа можам да кажам Хрватска е интересна дека има 9 смртни случаи минатата недела и Бугарија со 4. Црна Гора има околу 150 случаи неделно и нема смртни случаи, нема ниту во Босна и Херцеговина. Слично беше и во Србија како што е во Бугарија или Хрватска. Сега тој број е релативен. И да има за нашата земја, што е многу помала по еден до два смртни случаи дневно, тоа не е загрижувачко. Факт е дека нема потреба од посебни мерки сега за сега, за тоа комисијата ќе си одлучи. Симптомите не се нешто различни и тешко се препознава дали е тоа или некоја друга инфекција. Препораката е дека секој што е болен треба пет дена да седи дома, дали било тоа ковид, грип, настинка или вирус, да седи дома. Ако баш мора да излезе, тогаш да носи маска. Маска сега треба да носат болните и дополнително да се внимава на повозрасните луѓе, особено да се внимава кога се оди кај повозрасни луѓе што имаат други болести, кога сме настинати да направиме заштита или ако е возможно да немаме контакт со тие лица во затворено. Логично е и се очекува некаде во ноември-декември да има поголем број случаи и со тоа треба да се навикнеме дека покрај грипот, настинката, имаме уште една болест која ќе биде со нас повремено, ќе се јават и нови соеви, повремено ќе ни паѓа имунитетот што сме го стекнале, без разлика дали е вакцинален или природен“, вели д-р Пановски.

Целиот напис прочитајте го на 4NEWS.mk