„Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Др. Денис Беќировиќ, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија, го посети Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во Скопје.

Делегацијата предводена од претседателот на БДС, Мунир Колашинац и делегацијата на Бошњачкиот национален совет (БНВ во РСМ), предводена од претседателот Џевад Хот, го изрази своето задоволство од средбата на високо ниво.

На средбата делегацијата го запозна  Др. Беќировиќ со работата и активностите на БДС, политичка партија која повеќе од пет години активно работи на подобрување на статусот на Бошњаците во Северна Македонија, како и на регионалното вмрежување на Бошњаците.

На маргините на состанокот, изразена е желба за унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, но и соработката на Бошњаците од двете земји.

На членот на Претседателството на БиХ, Др. Денис Беќировиќ, делегацијата на БДС и БНВ му посака успех во работата во текот на состанокот на Процесот Брдо-Бриони кој во Скопје утре ќе ги собере лидерите од земјите од регионот“, се вели во соопштението на Бошњачки демократски сојуз.