Министерот за правда, Кренар Лога, беше информиран од Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан, за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), известуваат од Министерство за правда.

Како што информираат од Министерството, проектот започнал на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години. Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.

– Во Република Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации, велат од МП.

На средбата е разговарано и за Стратегијата за развој на правосудуството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите.