По Ксенија Собчак и Валери Соловеј и опозицискиот политичар Дмитриј Гудков предвиде дека „Кадиров наскоро може да исчезне“, јавува Фактор.бг, пренесува Трибуна.

Германското издание „Билд“ го цитира Гудков дека Кадиров, познат како „Путиновото куче“, ќе ја доживее судбината на Евгениј Пригожин.

„Кадиров долго време се сметаше за сојузник на Пригожин и ги поддржуваше неговите напади врз Министерството за одбрана на Русија. Путин повеќе не може да се носи со улогата на арбитар меѓу нив“, смета Гудков.

„Убеден сум дека ќе дојде до конфликт и со Кадиров, тој има своја војска и наскоро ќе настане отворен конфликт меѓу безбедносните сили и Чеченците“, предвидува Дмитриј Гудков и додава дека тензијата меѓу специјалните служби и Министерството на одбраната расте.