Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги посети училиштата „Коле Неделковски“ и „Кочо Рацин“ истакнувајќи ја  важноста од образовниот процес и другарувањата кои некогаш траат за цел цел живот, и им подели ранчиња и училиштен прибор на првачињата.

-На денешниот почеток на учебната година ви посакувам многу успех во учењето, но и многу дружба и моменти за паметење. Основните училишта се лулка на другарувањето, спортувањето, симпатиите и основа за вашите идни лични достигнувања. Оваа година нашите осум основни училишта бројат 564 првачиња и за сите нив преку донација од општествено одговорна компанија обезбедивме толкав број ранчиња и училиштен прибор. Основното образование носи вредности за вас и вашата и нашата иднина затоа ви посакувам да бидете примерни деца и да имате успешна година, истакна Герасимовски.

Градоначалникот  на учениците им порача дека училишните денови во основното образование се важен испис во животот и за крај им посака да имаат среќна учебна година, исполнета со успеси, другарувања и одлични резултати.