Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска од Куманово ги повика надлежните од училиштето „Кирил и Методиј“ од кумановското Агино село да ја донесат потребната и целосната документација за санација на подрачното рурално училиште. Тој кажа дека не е е доставена целосната документација за реконструкција на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ и дека и како МОН и Влада ќе се реорганизираат и веднаш на наредната владина седница и ќе обезбедат средства за санација, училиштето ќе влезе во програмата.
-Според законот за основно и средно образование основач на основните и средните училишта се и локални самоуправи, при секој повик и објава на МОН локалните самоуправи треба да достават целосно комплетиран проект до Министерството за тој проект да се предвиди во програмата. Во последниве две години, вчера побарав комплетна информација, дали е доставена комплетна документација за конкретното училиште во МОН во повикот, одговорно тврдам и ги повикувам и директорот и сите од понеделник да присуствуваат во мојот кабинет, зошто не се доставени документите во МОН. Тоа значи дека треба да имаат дозволи за градба, дозвола за реконструкција и други потребни документи за ние да можеме да ја внесеме во програмата.Оодговорно тврдам дека на сите родителите и на вработените ако ги достават во најбрз можен рок јас како министер, зашто не е големо училиштето не треба да учат учениците во такви услови заедно со претседателот на Влада на правата наредна седница ќе направиме измена на програма, ќе комплетираме, обезбедиме и реорганизираме од буџетските средства да тие деца да имаат подобри услови во наредниот период, кажа министерот.
Тој нагласи дека Министерството постојано вложува во Куманово и потсети на тековната реконструкција на кровот во централното основно училиште „Браќа Миладиновци“. Во изјавата за медиумите посочи дека, иако Владата за „Сами Фрашери“ одвоила средства за оваа и за наредната година сè уште не е доставена целосната документација.
-Ние во оваа програма за оваа учебна година сè што е доставено од општина Куманово, имаме конкретна инвестиција на кровот во училиштето „Браќа Миладиновци“. Ние како Влада и Министерството имаме посебна сметка каде со одлука на Владата 60 милиони денари се предвидени за 2023-та година за „Сами Фраешри“ и 70 милиони за наредната година, но сè уште не е доставена комплетна документација или не е доставен проектот од страна на локалната самоуправа, кажа министерот.
Родителите на учениците од подрачното училиште „Кирил и Методи“ од кумановското село Агино, денеска не ги пуштија учениците на настава во знак на револт, бидејќи со години не е реконструирано училиштето, изградено во 70-тите години од минатиот век.