– Политичкиот пат како ќе се направи, тоа ќе се реши со текот на времето, ова меѓу другото го рече пратеникот Скендер Реџепи-Зejди во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 на прашањето за можноста албанските општини во Северна Македонија да бараат одвоен пат кон Европската Унија.
Зејди рече дека Албанците во Македонија не треба да станат заложници на националистичката политика на македонските политичари.
„Никој не треба да се плаши, туку секој да стави прст на глава, на секој политичар, пратеник на македонската опозиција да му е јасно дека ние Албанците немаме причина да бидеме во заложништво на нивната национал-шовинистичка политика“, рече меѓу другото Зејди