Општина Свети Николе ги исфрли поимите „род“ и „родова еднаквост“, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Нкколе, Дејан Владев.
-Еднакви можности меѓу мажите и жените“ наместо „родова еднаквост“, замена на „род“ со „пол“, „родово“ со „полово“ се дел од измените во Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените кои ги усвоија советниците од Советот на Општина Свети Николе со мнозинство гласови, вели Владев.
Тој додава дека одлуката е донесена на вчерашната седница, а Советот како што вели ги усвои и дефиниците за поимите „маж“ и „жена“, односно нивното утврдување врз основа на биолошкиот пол без разлика на нивните внатрешни чувства или самоидентификација.
-Со ова, Свети Николе се приклучи кон Ново Село, Василево, Босилово, Дојран, Гевгелија и Охрид кои направија терминолошко усогласување со актуелниот Закон за еднакви можности меѓу мажите и жените, истакна Владев.