Средба со Габриел Ескобар, заменикот помошник дражавен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан
Евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа.
Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија.
Силна поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.
Оценето е дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат не е од државен и стратешки интерес. Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација.