Анализата што ја направи порталот Пари покажува дека двете водечки компании во бизнисот со нафтени деривати, Окта и Макпетрол, имаат спротивни резулатати. Сепак, тие и во самиот нафтен бизнис имаат различни активности.

Окта, со речиси 71 процентно учество во вкупниот увоз на нафтени деривати, е најголем трговец на големо што испорачува гориво и за бензинските пумпи на Макпетрол, а има и свои бензиски пумпи. Макпетрол, пак, држи една третина од вкупниот број на бензиски пумпи во државава. Окта минатата година прикажала раст на добивката од 44 насто, додека Макпетрол имал пад од 6 насто. Но, и покрај падот на добивката, Макпетрол минатата година остварила рекорден профит во однос на сите фирми што се занимаваат со некакви нафтени деривати. Сепак, приходите на „Макпетрол“ не се само од нафтата туку, компанијата има и други дејности како што се: гасот, дополнителниот асортиман во продавниците , продажба на асортиман од познатиот бренд за компјутреи и технолошки решенија DELL и хотелот во Струга.

Податоците покажуваат дека петте компании со најголема добивка во нафтениот бизнис лани оствариле вкупен профит од над 44 милиони евра.

Најголем профит остварил Макпетрол, кој лани направил заработка од 21 милион евра, но сепак тоа е помалку од прекланските 22,3 милиони евра. Она што паѓа в очи е што иако има намалена добивка од 6 насто, има значителен раст на приходот од 67 насто, и тој во 2022 година изнесувал 611,5 милиони евра.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/nafteniot-biznis-cuti-vo-makedonija-prometot-se-meri-vo-milijardi-profitite-vo-milioni-evra/