Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 за денар и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,5 денари, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за денар и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87,50 денари, 90 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС-98, а по 80 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,567 денари за килограм и килограм ќе чини
46,025 денари.
Со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,04 проценти во однос на цените од 14-ти месецов.