Данела Арсовска до Советот на Град Скопје ја доставила иницијативата за повторно враќање на споемникот на Андон Ќосето..
Денес доставив иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето.
Спомен обележјето ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек.
Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство.
Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана.
Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен, вели Арсовска.
Како што е познато, споменикот на Ќосето го тргна Петре Шилегов кога беше градоначалник.