Поранешниот косовски премиер, лидер на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), преку статус на својот фејсбук профил повика на одржување на вонредна собраниска седница за уривање на владата на актуелниот премиер, Албин Курти.
„Имајќи предвид дека имаме работа со човек кој е болен за власт, неодговорен и несовесен, а кој не поднесува оставка, неопходна е мобилизација на сите оние кои ја сакаат татковината и кои ги претставуваат интересите на земјата и на граѓаните, без партиски разлики. Свикувањето седница за разрешување на владата преку изгласување недоверба е единственото решение за спас на земјата и отворање на патот за една влада на националното единство и нови избори,“ напиша Харадинај на неговиот Фејсбук.