Освен градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, на информативен разговор во полициска станица бил и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Сето тоа поради посетата на Албин Курти, при која не беа почитувани законите за протоколите за посета на странски гости, но и поради знамето кое се вееше на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово.
Во реакцијата на Касами се вели:
Комунизмот не е мртов, тој е жив и нашите гувернери го одржуваат во живот заедно со Али Ахмети и Таравари. Ваквите обиди за заплашување и молчење, како во времето на комунизмот, воопшто не не плашат и продолжуваме со крената глава. Уште помалку нè плашат кога овие уцени и обиди за попречување на здружената опозиција доаѓаат од корумпираните и уценети владетели кои сега си ги бројат деновите на прсти. Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици заврши, а овој ваш комунистички и титовистички режим наскоро ќе згасне со него. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, а ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ, вели Касами.