Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во гостување на телевизија Алфа зборуваше за изградба на споменик за 8-те херои кои во 2001 година го изгубија својот живот и потенцираше дека тој споменик треба да биде изграден на видно место односно на кружниот тек во Бутел.

-Бидејќи е на видно место, тоа е најважно од се, има и кружен тек во близната, возилата се движат поблиску, што значи ќе биде буквално на видно место, и е некако на влез на општината што е исто така многу важно и ќе можат сите граѓани кои што ја посетуваат оваа убава општина Бутел да го видат овој споменик, кој што ќе биде конечно едно достоинствено решение за 8-те загинати херои, бранители кој што го загубија животот во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила, рече тој.

Костовски во врска со локацијата за овој споменик додаде:

-Локацијата која што ќе ја понудиме за споменикот за загинатите бранители е веднаш до локацијата што беше предвидена за Крстот, нема никакво посебно поврзување. Ова е сосема поинкава потреба.

Toј во текот на своето гостување се осврна и на средбата која денес требаше да се одржи со министерката за одбрана, Славјанка Петровска каде кажа дека таа не дошла, а била уредно поканета.

-Навистина ми е жал. Иако беше уредно беше поканета утрово со официјален допис од општина Бутел до Министертвото за одбрана, поточно покана директно до министерката Петровска да дојде заедно да ја погледнеме локацијата, бидејќи денес практично општина Бутел започнува да подготвува документација за оваа локација за да има тука еден убав велелепен споменик. Таа не дојде, на мое големо жалење и не би сакал да мислам дека само декларативно таа во текот на вчерашниот ден рече дека сака да има споменик на територија на општина Бутел и искрено мислам дека и се надевам дека нема да наоѓа изговори и понатака за како да не дојдеме до споменик бидејќи конечно е дојдено времето кога Македонија треба на вистински начин да се оддолжи на сите оние кои што го дадоа животот токму за неа. И некако да упатиме една порака до сите млади дека го вреднува оваа држава се она што некој го направил за неа, а особено едно вакво дело каде што некој дал се за Македонија. И во таа смисла се надевам дека ќе остане на зборот министерката и дека нема да наоѓа изговори како да не дојде до градба на овој споменик. Во спротивно ќе мораме да најдеме некој друго соодветно решение иако инсистирам и убеден сум дека изградбата на овој споменик треба да е токму од државата Република Македонија, поточно од министерството заради тоа што овие луѓе го дадоа животот токму за неа, за Македонија, порача то