ЕСМ Продажба средe лето купува струја за сума од над 7 милиони евра. За јули и првата половина од август се објавени вкупно четири повици, објави Телма.

Минатиот месец се набавило струја од неколку компании, чии имиња се веќе познати во јавноста. Станува збор за „Соло 24“, „РЕС Енерџи“, „Футуре“, „Данске Комодитис“, „Универзал Енерџи“, ЕТМТ, „Гени“ и „Дуферко“.

Со последниот повик од 6 до 13 август се бараат над 10.000 мегават часови за кои ќе се платат над еден милион евра.

Вообичаено во летните месеци се продаваат вишоци на електрична енергија, а во текот на зимата кога побарувачката е зголемена се набавува.

Цела вест на Телма