Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот профил на социјалната мрежа Фесбук објави видео со статистистички податоци од криминалитетот годинава споредено со минатата година. Како што се забележува годинава, во првите шест месеци, криминалитетот е намален за 12,9 % во споредба со минатата година.
„Во првите шест месеци од 2023 година бележиме намалување на криминалитетот за 12.9% за разлика од истиот период лани. Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4“, напиша Спасовски.
„Во извештајниот период регистрирани се 9.844 кривични дела, кои се намалени за 12,9% во однос на лани кога беа регистрирани 11.304 кривични дела. МВР за граѓаните“, порача Спасовски.