Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.
Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин.
„Само регистрацијата ја плаќа Судскиот совет. Бензин колку што знам, си става сам колегата Адеми, веројатно тука ги користи и парите што му следуваат законски за автобуската карта“, вели претседателот Георгиев за СДК.мк.
Целата вест на СДК.мк