Голем пожар избувна денеска на пладне во непосредна близина на Свети Николе, кај месноста Кривчева река, информираат од ЦУК.
Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето беа активирани и два хеликоптери на МВР, а на терен се припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво. Гори сува трева и
ниска вегетација.
– Дува ветер и можно е да се прошири на спротивната страна, но сега за сега
е под контрола. Во моментот ги очекуваме, едно возило со пет пожарникари од Штип, кои треба да пристигнат во секој момент и две теренски противпожарни возила од Велес. Се надеваме дека нема да има проширување, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.
Градоначалникот се сомнева дека причина за пожарот е човечки фактор, односно запалено стрниште.