Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции,се доволни причини за повлекување од власта, велат од Демократски сојуз.
Во нивното соопштение се вели:
ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски ,ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања,без при тоа да се направат пошироки консултации.
За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија.
Влада нема поддршка од граѓаните,ниту од мнозинството во Парламентот,поради што неопходни се избири,како демократски чин за промена на власта.