реклама
Легендата на рокенролот и фронтмен на Ролинг Стоунс, славниот Мик Џегер денеска наполни 80 години.
Ако мислевте дека Мик е во пензија, се лажете.
реклама
Сè уште е многу активен, а со својот бенд го обиколува светот и пее како да е само на почетокот на кариерата. Затоа на социјалните мрежи често можете да прочитате дека времето работи за Џејгер и дека најдоброто допрва доаѓа.
И тој почеток се случи во 1962 година, кога тој и Кит Ричардс ја претворија лежерната приказна за љубовта кон музиката во основање на бенд – според многумина, најголемиот во историјата на рокенролот.
реклама
Може да се снимаат документарни филмови за кариерата на Мик, како и за неговиот познат танц за време на концертите.
Импресивно е да се гледа како скока на сцената и во доцните години – од првиот до последниот момент на концертот.
реклама
„Ви благодарам многу за сите ваши убави коментари и роденденски желби“, напиша Мик на Твитер.
реклама