реклама

Неподносливите горештини што изминативе недели се забележани во многу земји во светот со себе носат и големи здравствени проблеми, па лекарите секојдневно даваат совети и инструкции за населението.

Престојот во прегреан автомобил е една од опасностите којашто одзема десетици животи секоја година бидејќи на овие температури буквално се потребни само неколку минути за топлотен удар. Така, деновиве на интернет се рашири видеоснимка од маж во Арлингтон, Тексас, САД, како крши стакло од својот автомобил за да си го спаси бебето.

реклама

Според полицијата, родителите случајно ги заклучиле клучевите од автомобилот во возилото, а бебето останало внатре.

Температурата на воздухот тој ден надминувала 37 Целзиусови степени. Родителите не размислувале премногу, биле свесни дека единствен начин да го спасат бебето е да го извлечат низ ветробранското стакло, па решиле да го скршат.

реклама

На паркингот пристигнала брза помош и го прегледале расплаканото бебе. Кај него немало повреди.

Истражувањата покажуваат дека во рок од еден час, температурата во автомобил паркиран на Сонце на над 35 степени се зголемува во просек до 47 Целзиусови степени. Инаку, секоја година само во САД просечно 37 деца умираат во прегреани возила. 

реклама