„Вистината е дека нема да има подобар договор, нема да има да има нов договор, нема да има друга преговарачка рамка. Ова не го вели Владата, не го велам јас – го вели Европската Унија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Тој додаде дека добрососедските односи се дел од сите пристапни процеси, бидејки интерес на Унијата е да има добрососедски односи, заради стабилноста и економијата.

„И затоа при сите досегашни пристапни преговори, прогресот на државите аспирантки се оценувал и според добрососедските односи и според реформите. Така е со нас и досега, како земја кандидатка, при оценките во извештаите на Европската комисија за постигнатиот напредок. Но, добрососедските односи се друго. Тоа е сосема одвоено од билатерални прашања, како што се историјата и идентитетот“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека искуствата на земјите членки покажуваат дека идентитетот во пристапните преговори само се потврдува и зајакнува, а фокус на преговорите се реформите во борбата со корупцијата, правосудството, владеењето на правото, екологијата, економијата.

„И повторно, ова не го вели Владата, туку го велат нашите сојузници и партнери од ЕУ. Затоа, пред да се донесе некоја одлука, мора да се има превид,