Државниот инспекторат за труд (ДИТ) утврди дека отказите кои им беа доделени на дел од вработените во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на почетокот на месецов се незаконски, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој уште на почетокот го ваквиот потег на директорката Косана Мазнева, пренесува порталот „360 степени’.
Согласно инспекциската мерка на ДИТ, додаваат од Сојузот, раководството на „Комунална хигиена“ треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките поради нивната незаконитост.
„Очекуваме дека Управниот одбор на ЈП ’Комунална хигиена’ на седницата која ќе ја одржи денеска, постапувајќи согласно инспекциската мерка, како и врз основа на поднесените приговори од работниците, да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места. ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје“, се вели во соопштението на ССМ.