Револтиран сум од веста за одвратниот чин – палењето на возилото на вицепремиерот Груби, ова стои во објавата на Фејсбук на Бујар Османи, сопартиец на Артан Груби и министер за надворешни работи.
Подолу во неговата објава се вели:
Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество.
Ова го кажувам, не само како министер, туку и како загрижен граѓанин, за најостро да го осудам овој чин на подметнување пожар. Насилството нема место во цивилизирано општество и таквите постапки никогаш не можат да се оправдаат. Ги повикувам властите да спроведат темелна истрага за да се открие вистината зад овој инцидент и веднаш да се изведат одговорните пред лицето на правдата, вели меѓудрого Бујар Османи.
Сепак, претходно во текот на денот вицепремиерот Артан Груби исто така во објава на Фејсбук се извини на неговите соседи за вознемирувањето, но и на негов пријател за палењето на автомобилот и исто така вознемирувањето.
МВР во официјалното соопштение вели дека возилото е во сопственост на лицето Б.Л и дека немаат сознанија дека возилото е на Артан Груби.
Сепак, во текот на денот поголем број на медиуми објавија дека иако возилото е на друго име, сепак тоа е на Артан Груби кое го користи за приватни потреби.
Инаку, ова Ауди А6 не е пријавено во анкетниот лист на првиот вицепремиер Артан Груби.