Професорот Јарослав Рубаха од Универзитетот Вармија и Мазури во Олштин, Полска вели дека во полската историографија е прифатено дека Илинденското востание во 1903 година било раководено само од Бугари, а не од Македонци.

Професорот Рубаха во интервју за БГНЕС вели дека ги истражувал реакциите по востанието на македонските Бугари во тогашниот полски печат.

„Бугарската теза за Македонија е историски издржана. Јас се занимавам со бугарската историја и не можам да поддржам други тези за ова прашање“, категорично вели проф. Рубаха.